Груевски во посета на општина Велес

Претседателот на Владата Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на Општина Велес.

Тој ќе изврши увид во активностите при реконструкција на железничката станица Велес, а ќе присуствува на пуштање во употреба на еден двоен тениски терен во Велес.

Предвидено е премиерот да присуствува на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во село Караслари и на пуштање во употреба на водоснабдување и во село Црквино.

Исто така, премиерот ќе оствари средба со жителите на Башино село, Караслари и Црквино.