ФОТО: Груевски во посета на реконструирани училишта

Премиерот Никола Груевски во посетна на реконструирани училишта. Тој во рамки на посетата на Виница, Кочани и Берово денес направи обиколка на две реконструирани училишта во Кочани и во Берово.

Груевски во посета на реконструираното Средно општинско училиште „Љупчо Сантов“

Во рамки на посетата на општина Кочани Груевски беше во обиколка на реконструираното Средно општинско училиште „Љупчо Сантов“.  Во ова училиште настава посетуваат 800 ученици, кои од први септември годинава ќе имаат можност наставата да ја следат во реконструран објект.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Премиерот беше придружуван од градоначалникот Ратко Димитров и од директорот на училиштето  Лазар Димитријев. Тој посети дел од кабинетите и се запозна со придобивките од извршената реконструкција на училишниот објект.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Станува збор за инвестиција вредна 13,5 милиони денари, а реконструирани се фасадата на објектот, покривот и прозорците

Директорот Димитријев информира дека учениците имаат можност за стекнување со образование во две струки – економско-техничка и гимназиска.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Ова е прва голема инвестиција во училиштето кое постои веќе 55 години. Со неа се овозможи зголемена енергетска ефикасност и значителни заштеди, а се подобрени и условите за престој и работа во училиштето. Со реконструкцијата на покривот ослободен е значителен простор кој дополнително може да се искористи за потребите на училиштето и општината, вели Димитријев.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Груевски во посета на реконструираното училиште „Никола Петров Русински“

Премиерот Груевски денеска во рамки на посетата на општина Берово направи обиколка и во реконструираното основно училиште „Никола Петров Русински“ во населеното место Русиново.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Вредноста на извршените работи на ова основно училиште изнесува околу 7,5 милиони денари, од кои околу 4,5 милиони денари се инвестиција на МОН, а три милиони се вложувања од општината.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Со овој зафат опфатена е реконструкција на покривот, решено е греењето, а има дел инвестиции и во објектот на училишната спортска сала.

Груевски во посета на реконструирани училишта
Груевски во посета на реконструирани училишта

Реконструкцијата е направена согласно проектот на Владата за реконструкција на основни и средни училишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.