Груевски: Постапките на Заев наликуваат на детско лутење кога ќе загуби во некоја детска игра

Самиот факт што сега пред да заврши судската разврска, СДСМ и нивните контролирани медиуми нервозно секој ден се трудат да ја експонираат темата, покажува колку е ниска нивната самодоверба во овој случај, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за случајот со Македонска банка.

Тој што е сигурен во себе не џавка, туку мирно го чека крајот на судската разврска. Но ќе дојде и тој ден, кога правдата и вистината ќе излезат на површина. Јасно е дека Заев негирајќи го судскиот систем уште одсега спрема терен и судската одлука да не ја признае. Мислам дека се работи за недоволно зрел човек, во најмала рака политички недоволно зрел. Некои негови постапки наликуваат на детско лутење кога ќе загуби во некоја детска игра. Но политиката не е детска игра и не е место каде некој треба да го чекаме да досозрее, пред се политички, вели Груевски.

Груевски нагласува дека постапките на Заев и’ носат сериозна штета на државата, но и на сите нејзини граѓани вклучувајќи ги и членовите на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.