Македонија,Политика

Груевски: Постапките на Заев со радост ги дочекуваат оние кои не сакаат да ја видат земјата да напредува

Груевски: Постапките на Заев со радост ги дочекуваат оние кои не сакаат да ја видат земјата да напредува

Инатењето со невлегување во Парламентот не’ носи во губење на препораката од Европската Комисија, и тоа ќе биде лошо за сите.

Ова, меѓу другото, го истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во интервјуто за Македонската информативна агенција – МИА.

-Изгледа Заев се уште верува дека на тој начин ќе го сврти јавното мислење кон него, и во него ќе видат спасител кој ќе не врати на вистинскиот пат. Со тоа уште еднаш покажува колку многу го потценува капацитетот на граѓаните, што пак најмногу говори за него лично. Од друга страна, неговите постапки толку многу со радост ги дочекуваат оние кои несакаат да ја видат земјата да напредува, што понекогаш човек на се помислува. Но тоа е друга тема. Она што е важно е дека народот покажа витинска зрелост, вели Груевски.