Груевски: Постигнуваме напредок во намалувањето на невработеноста

Со таква една трајна стабилизација ќе се отворат можностите за стабилизација на економскиот напредок за поголема соработка на сите земји во регионот во трговската размена и соработката на полето на инвестициите, рече македонскиот премиер Никола Груевски во своето обраќање на Генералното собрание на ООН.

Груевски нагласи дека „сите ние треба да се стремиме кон реализација на крупни економски инфраструктурни проекти кои ќе опфаќаат поголем број на држави и со чија имплементација следствено ќе се влијае на зголемувањето на бруто домашниот производ на сите земји партиципиенти и ќе се овозможи отворање на десетици илјади нови работни места“.

-На тој начин ќе продолжиме со стратешките цели за намалување на невработеноста, која е суштинска цел од првиот ден на мојот ангажман во политичкиот живот, цел за која ние постигнуваме огромни успеси и напредок во изминатиот период и иако може да звучи нескромно, можам да кажам дека сме една од позитивните економски изненадувања во Европа. Привлекување на инвестиции, развој, инвестиции во крупни проекти од инфраструктурата и други гранки за подигнување на економскиот стандард на граѓаните, за развој на образованието и културата и во унапредувањето на стандардите во буквално секоја сфера кои ќе донесат корист и за земјите и за регионот, рече Груевски.