Груевски: Продолжуваме посветено во реформите и договорот од 2 јуни

Груевски: Продолжуваме посветено во реформите и договорот од 2 јуни

Премиерот Никола Груевски преку својот Фејсбук профил ги поздрави заклучоците на ЕУ и потенцира дека ќе продолжи посветено во исполнување на договорот постигнат на 2 јуни.

-Ги поздравувам заклучоците на ЕУ, продолжуваме посветено во реформскиот процес и договорот од 2 јуни. Продолжуваме за подигање на стандардите во сите области, пред се заради подобар квалитет на животот на граѓаните на Република Македонија и прогресот кон ЕУ. Македонија ќе излезе посилна од оваа криза, а нашиот народ е мудар и знае да цени и вреднува кој работи за него и со кого има подобра иднина. После прогресот кон ЕУ, Владата ќе излезе со конкретен план на мерки и активности во насока на реформскиот процес, посочи Груевски.

Голема поддршка на ваквиот негов статус дадоа огромен број на граѓани.

inikolafb

iingruevski