Македонија

Груевски: Потребен ни е консензус, инвеститорите сакаат конзистентни политки

Груевски: Потребен ни е консензус, инвеститорите сакаат конзистентни политки

Сценариото мора да заврши единствено со правна завршница во една независна и транспарентна постапка и со политичка завршница во Парламентот на Република Македонија, преку претходен дијалог на темите кои што се нормални за дијалог во една ваква ситуација, рече премиерот Никола Груевски во вестите на ТВ Сител во одговор на прашањето како ќе заврши ова сценарио на СДСМ и Зоран Заев.

– Очекувам во судската постапка да се се расчисти се. Прво да се расчисти како се дошло до тие материјали, да тоа го препознаат сите. И институциите и сите оние кои што се задолжени за тоа и на крајот и јавноста. Второ, да се расчисти и со обвинувањата што ни се лепат од креираните разговори кои што ги пушта Зоран Заев,  За да се знае дали некој има некоја вина, дали направил некоја грешка, спротивно на законот или не, рече Груевски.

Исто така, Груевски се осврна и на прашањето за политички консензус по повеќе прашања кој го побара на Конгресот на ВМРО – ДПМНЕ.

– Јас веќе ја видов и реакцијата на Зоран Заев, по однос на тоа тој отфрла било каков консензус. Имено кај другите реакции на членовите на таа партија дека сега не било време, дека сега биле концентрирани на насилно рушење, преземање на власт итн. Она што го кажав е фокус на пет точки за кои што и власта и опозицијата треба да изградат заеднички ставови и јавно да ги презентираат, по кои што кој и да е на власт, дали ВМРО , дали СДСМ ќе има исти политики. Ми беше јавно одговорено дека немало што за странските инвеститори, се знаело дека ние сакаме да привлечеме странски инвестиции. Но, инвеститорите не мислат така, тие сакаат да видат консеквентни политики, сакаат да видат конзистентни политики. Политики што сега се извршуваат и што ќе се извршуваат во следните десет години најмалку или повеќе, за да бидат сигурни дека кога инвестираат во една земја нема да има еден вид на закони, на даноци, еден вид на администрација, а дека тоа за неколку години ќе биде променето ако дојде некоја друга партија на власт, рече Груевски.

Премиеро нагласи дека тој зборувал дека е потребен консензус за повеќе работи, но очигледно никој во СДСМ тоа никој не го слуша, тие се се незаинтересирани за ова прашање.

– Тие се сега само заинтересирани како на насилен начин, користејќи ги своите активисти, лажејќи го народот со тоа што го измонтирале, рече премиерот.