Груевски: Потврдени резултатите од нашата напорна работа, невработеноста падна на рекордно најниски 22,9 отсто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по најновите податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека историски пад на невработеноста во Република Македонија, во првиотс квартал од годинава на 22,9 отсто.

„Пад на невработеноста во првите три месеца од оваа година на досега најниски 22,9 отсто. Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продолживме да работиме на нашето ветување до граѓаните за намалување на невработеноста“, посочува Груевски во својот пост.

 

Истакнува дека ваквите резултатите се потврдени.

Греувски потсетува дека Државниот завод за статистика регистрираше досега најниско ниво на невработеност под 23 отсто, поточно 22,9 отсто.

 

„За една година (споредено со првото тромесечие од 2016 година), имаме пад на невработеноста од 1,6 отсто, или новоотворени над 19.000 работни места. Споредено со периодот 2005, 2006 и сега 2017 имаме пад од над 15 отст, од 38 проценти на 22,9 отсто, или од 560.000 вработени сега имаме 734.043, или во периодот додека ВМРО ДПМНЕ ја имаше одговорноста да управува со државата се отворија над 174.000 работни места“, пишува Груевски.

 

Спроед него ова значи решавање на најгорливиот проблем на граѓаните. Падот на невработеноста, оценува Груевски, се должи на поттикнување и поддршката на домашното стопанство, активните мерки за вработување и силниот фокус на привлекување странски инвестиции кои се акцелератор, поттикнувач и на домашното стопанство кое соработува со овие странски компании.

 

„Она што недостига кај новата влада е концентриран и професионален тим за странски инвестиции. Слабите перформанси може да резултираат со бркање на дел од инвеститорите што ке значи отпуштање или обесхрабрување на инвеститорите со кои бевме во финална фаза на инвестирање. Останува времето да покаже и државата би била најсреќна доколку трендот на пад на невработеноста продолжи. На новата влада предоводена од СДС им оставивме ликвиден Буџет. Подобро е уште веднаш да се фатат за конкретна работа“, предурпедува Груевски.