Груевски: Правиме се’ да им помогнеме на поплвените

Груевски: Правиме се' да им помогнеме на поплвените
Груевски: Правиме се' да им помогнеме на поплвените

Правиме се’ што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, мобилизирани се сите можни институции, изјави синоќа премиерот Никола Груевски од Tетово, каде што во невремето загинаа пет лица, десетици се повредени и направена е голема материјална штета.

Груевски посочи дека веднаш откако ја примил информацијата за несреќата во тетовско со потпретседателот Владимир Пешевски, со министерот за одбрана Јолевски, министерот за внатрешни работи Чавков тргнале кон поплавените подрачја.

Бевме во Голема Речица, таму состојбата е лоша. Се видов со еден голем дел од месното население, ми раскажаа како точно се случило, дека всушност станува збор за излевање на реката заради надојдени води и дека има жртви. Во оваа прилика дозволете да изразам сочувство за семејства на жртвите. Слушнав дека најлоша е состојбата во Шипковица. После Голема Речица и средбата со граѓаните, дојдов овде во болницата каде поразговарав со директорот, ми кажа дека тука биле донесени две лица кои починале и уште девет повредени од кои едно е задржано овде во тетовската болница, другото е пратено за Скопје заради потешко повреди, рече Груевски.

Груевски нагласи дека од тетовската болница одат за Шипковица, имаат информации за таму какви се состојбите, затоа што првите екипи се влезени.

Навистина жалам за сето ова што се случи, правиме се што можеме, имаме направено максимална мобилизација на сите можни институции, како на цетрална власт, така и општинската власт е максимално мобилизирана, распространети сме на сите страни, прави се што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, рече Груевски.

За денеска премиерот Груевски закажа владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи, на која ке се разгледаат состојбите и ќе утврдуваат понатамошните активности и пред се помошта за населението и субјектите.

Исчезнато шестгодишно девојче

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски вели дека телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.

Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.

Свлечиштата носеле објекти

Четири возила се оштетени од паѓање гранки, дрва, предмети. Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.

Однесен е и Вратничкиот мост меѓу горно Орашје и Нераште, информираат од полицијата.

Дете почина додека си играло во двор

Во селото Голема Речица во дворот од куќата на Љ. Б. пронајдено е починато малолетно дете, исфрлено од Речишка река со видливи повреди во пределот на главата.

Надлежен јавен обвинител наредил обдукција на момчето.

 

Поврзани вести:
Премиерот Никола Груевски кој синоќа итно отпатува во Тетово направи увид на теренот погоден од невремето и разговараше со  граѓаните. Тој им вети помош на тетовци и изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.