Груевски: Правиме се што можеме да им помогнеме на мигрантите

Премиерот Никола Груевски во својот говор пред Генералното Собрание на Светската организација во Њујорк потенцира дека регионот се соочува со два клучни стратешки и глобални предизвици.

Првиот, рече премиерот е кризата со мигрантите и бегалците, и вториот многу поопасен аспирациите за посилен продор на ИСИС во Европа, кои појавуваат сериозни опасности за влијание на економијата и одржливиот развој, но многу пострашно преку агендата на ИСИС за рушење на општествата базирани на универзалните вредности и принципи кои ги штити ОН.

100gruevskiii

Осврнувајќи се на состојбата со бегалците со која се соочуваат државава, Балканот и цела Европа, посочи дека од почетокот на оваа година речиси 200.000 луѓе, главно Сиријци, минаа низ Република Македонија.

– Соседите на Сирија, на пример Либан, Турција, Јордан, се силно погодени, а првите знаци на општествена тежина се чувствуваат и во балканските земји, чии што економии не може долго изолирани да се справуваат со состојбите. Од наша страна, ние ќе направиме сѐ што можеме за да им помогнеме на овие луѓе кои имаат потреба, луѓе кои го бараат својот мир, својата надеж за безбедно патување, за безбеден и пристоен живот. Без разлики на економскиот и одржливиот аспект ние се трудиме да придонесеме за помош кон нив, надминувајќи и санкционирајќи одредени слабости во системот кој е поставен, но со силна посветеност да се придонесе во креирање на излезни позитивни решенија за овие лица согласно нивните потреби. Но, ние не можеме да го направиме тоа сами, рече Груевски.

Справувањето со овој проблем, додаде, претпоставува посилен ангажман на Европската Унија во соработка со балканските земји, која би била од значење за засилување на соработката на конкретни нивоа. На тој начин, од овој предизвик ќе се извлечат позитивни ефекти кои покрај помагање на лицата во несреќа, ќе значат и конкретно унапредување на стандардите во балканските земји, и имплементација на европските вредности и пристапи кај земјите аспиранти за членство. Низ соработка до решенија. И круцијално, единствениот начин да ја решиме бегалската криза е Европа итно да се сврти кон главната причина за нивното страдање – во случајов сирискиот конфликт. Постојните разлики околу решението мора да се стават настрана. Потребна ни е обединетост, заедничка позиција на Обединетите нации, на Советот за безбедност, како во примерот со позитивниот резултат со спогодбата за елиминација на хемиското оружје во Сирија, ситуацијата каде дипломатијата оствари силна победа, нагласи Груевски.