Груевски: Преку мерката „Еден клик“, гужвите на студентски прашања ќе бидат минато

Нашата најголема задача е да им помогнеме на младите, да направиме проект и мерки кои ќе бидат одговор на нивните проблемите. Сакаме да ги промениме нештата кон подобро, а само работата ќе донесе подобро утре. Ваквиот начин на работа не е лесен, а граѓаните најдобро знаат кој и што работи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната промоција на нови мерки за младите.

-Но, ова однесување не го практикуваат сите, ние сме различни од нашите конкуренти. Тие се добро прочитано четиво, кое граѓаните не го сакаат. Македонија нема време за губење, и затоа ние целиот наш капацитет и време го насочуваме кон креирање и реализирани на проекти и мерки, рече Груевски.

Тој потенцираше дека денеска ќе бидат промовирани 7 мерки и проекти за младите со кои ќе се подобри и унапредни нивната положба.

Првата од нив е насловена како „Еден клик“, а се состои од поедноставување на процедурите кон факултетот.

Студентите како што потенцираше Груевски, ќе заштетдат и време и средства, бидејќи услугите кои сега ги добиваат од пултот на студентски прашања ќе може да ги добијат електронски преку компјутер.

-Ова е капитален проект за олеснување на процесот за студирање. Секој студент ќе може да се логира и како регистриран корисник ќе може да пријавуваа испити, да заверуваа семестри, плаќање такси, добивање електронски потврди неопходни при конкурирање за студентски легла… Ќе се избегнат редиците на студентски прашања, чекањето гужви и ќе се намалат трошоците, истакна Груевски и додаде дека на овој начин ќе се избегне и можна корупција.

Ќе се намалат и административните обврски на вработените во високообразовните установите, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вработените на студентски нема да се заборават, тие ќе ги задржат своите работни места, не треба да се грижат.

Откако ќе бидат направени сите неопходни чекори и подготовки ќе се пристапи кон реализација на проектот на почетокот на 2017 година. За ова ќе бидат инвестирани 18 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.