Груевски: Преку мерките за самовработување досега се вработиле 5.100 лица

До десети март трае конкурсот за проектот за отпочнување на сопствен бизнис, доделување на грантови од 3.250 евра. Премиерот Никола Груевски одоговарајќи на новинарско прашање информираше дека овој јавен повик до сите невработени предвидува доделување грантови, 3.000 евра за опрема и репроматеријали за отпочнување на бизнис и 250 евра за бизнис план и за сметководствени работи поврзани со отворање на фирма.

– Ова е еден од начините како да се помогне на многу невработени кои што сакаат да започнат бизнис, кои што имаат некоја смисла за правење бизнис и имаат бизнис идеја. Досега на овој начин се отворија 5.100 работни места, а од овој голем проект кој што ќе опфати околу 100 лица кои што ќе добијат ваков грант се очекува тој број значително да се зголеми. Станува збор за сериозни износи, станува збор за околу 214 милиони денари кои што ќе се доделат, рече Груевски.

Тој потенцира дека предност ќе имаат оние кои што ќе имаат најдобар бизнис план, кој укажува дека фримата ќе има побрз раст, оние кои што имаат иновативни идеи и оние кои што ќе бидат можност да вработат најмалку уште едно лице.

Груевски нагласи дека дедумдесет до осумдесет проценти од фирмите за кои што досега биле дадени грантови работат, растат, продолжуваат да се шират. Во рамките на лицата кои што ќе добијат грант може да влезат и занаетчии, со таа разлика што занаетчиите ќе добијат и средства за плаќање на кирија за изнајмен простор во времетраење од една година.

фото: Курир