Груевски во посета на гевгелиско-демиркапискиот регион

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе биде во посета на гевгелиско-демиркапискиот регион.

Агендата на настани е следна:

12:50 часот – остварување увид во градежните активности на автопатската делница Демир Капија – Смоквица (мост бр.1 пред тунелите);

13:35 часот – присуство на пуштање во употреба на фабрика за текстил – Дока текстил, во село Миравци, општина Гевгелија;

14:20 часот – остварување увид во градежните активности за изградба на спортска сала во село Миравци и

14:40 часот – посета на реконструираниот објект на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“, општина Гевгелија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.