Груевски: Прифатлив е закон за медиуми од било која европска земја

Постојниот закон за медиуми е добро решение, но ако тоа опозицијата го поставува како услов  прифатливо е да се преземе кој било закон за медиуми од која било  европска земја во целост.

Ова го изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повторувајќи го партискиот став во однос на разговорите во работната група на политичките партии за медиумската сфера.

Ние како земја тежнееме да станеме членка на ЕУ и ако е тоа така тогаш треба да преземеме закон од која било членка на ЕУ. Нашиот закон е одличен и повеќе посакувам тој да остане, но доколку опозицијата го поставува тоа како некаков услов се согласуваме тие да посочат закон од која било европска држава и ние ќе го прифатиме, рече Груевски во изјава за медиумите по посетата на општина Илинден.