ВИДЕА: Груевски на терен помага да се решат проблемите на граѓаните

Груевски на терен помага да се решат проблемите на граѓаните. Доцна синоќа заврши агендата на премиерот Никола Груевски од посета на реканско-дебарскиот крај и Центар Жупа. Премиерот оствари контакти со граѓаните, ги ислуша за нивните проблеми и се обиде да интервенира во изнаоѓање решенија за крупни и значајни прашања од интерес за граѓаните од овој регион.

teren-1

Премиерот Груевски освен посетата на Маврови Анови, Жировница и Ростуше, го посети и селото Скудриње каде оствари средба со граѓаните и разговараше за нивниот живот и проблемите со кои со кои се соочуваат. Порталот „Курир“ објави видеа од посетата на премиерот.

Груевски на терен помага да се решат проблемите на граѓаните

Премиерот го посети и селото Долно Косоврасти. Во разговорите со граѓаните беше посочено дека имаат проблеми со свлечишта кои се потенцијална опасност по што премиерот Груевски и министерот за транспорт и врски Мисајловски посочија дека веднаш ќе пратат стручни екипи од факултетот за градежништво за да ја разгледаат проблематиката и за да се постапи за понатамошно решавање.

kosovrastii111

kosovrsatii22

Во однос за проблемот со водоводот кој е во надлежност на општината Премиерот Груевски го повика градоначалникот во најскоро можно време да се изработи проект чија изведба ќе биде финансирана со владата на Република Македонија.

Груевски го посети и Мелничкиот мост кој беше целосно реконструиран и е главната артерија на поврзување на градот Дебар со сите околни населени места.  За негова реконструкција беа инвестирани над 1.1 милиони евра.

 Премиерот Груевски го посети и населеното место Центар Жупа каде ги слушна потребите на граѓаните. Тие побараа санација на патот Мелнички мост Жупа по што Груевски ги информираше дека градежните активности ќе започнат за два месеци. Станува збор за инвестиција вредна 1.2 милиони евра.

Потоа Груевски го посети и населеното место Новак, каде на барање на граѓаните беше договорено санација на патот Коџаџик Новак.

11novaaakkk

Беше посочено до  градоначалникот на Центар Жупа да направи проект во консултација со Министерството за транспорт и врски и да се искористат владини средства кои стојат за таа намена на располагање со што ќе се реши проблемот за водоснабдување на ова населено место.

На крајот од својата интензивна агенда премиерот Груевски  во вечерните часови го посети градот Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Ружди Љата и прошета и оствари средба со граѓаните.

Жителите задоволни од посетата на премиерот изразија благодарност за неговиот директен однос и активност и посветеност на владата за решавање на проблемите. Изминатиов период македонскиот премиер посети низа населени места ширум Македонија. Тој директно од граѓаните слуша за нивните проблеми и уште на терен наоѓа решение за истите.