Груевски: Продолжува изградбата на автопатите

Премиерот Никола Груевски, во своето новогодишно обраќање најави и дека и во 2015 година ќе се продолжи со забрзано темпо да се работи на инфраструктурата во државата.

„Во полн ек се градбите на трите автопати и железницата кон Бугарија, но следната година, некаде летото, ќе почне и градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип кон Кочани, и од Градско кон Прилеп, а кон крајот на 2015та и експресните патишта со 4 ленти од Охрид до Пештани и автопатот од Требениште до Струга. Ќе се заврши и експресниот пат Велес Штип до Кадрифаково, а очекуваме да најдеме концесионер и за автопатската делница Кичево-Гостивар, каде ако се биде во ред градбата би почнала во 2016-та. Ќе продолжат и градбите и реконструкции на други патни правци,меѓу кои и Миладиновци- Куманово, Неготино – Демир Капија, Велес – Катланово и повеќе други. Во 2015-та очекувме да почне градбата и на гасоводната мрежа од Куманово до Штип и да се обезбедат услови и за останататиот примарен гасовод низ Македонија. Секундарната гасификација во Скопје и скопско, со инвестиција од 100 милиони евра, како и секундарната гасификација во источна и западна Македонија е исто така дел од плановите за 2015-та. Фокусот ќе остане и на изнаоѓање алтернативни извори за донесување поголеми количини гас за Македонија“, вели Груевски.