Груевски: Продолжуваме со напорите за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО

Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање до нацијата нагласи дека тој како премиер заедно со целата Влада ќе продолжи со напорите за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО.

„Во 2015-та година ќе продолжиме со нашите напори за зачленувањето во НАТО и ЕУ. Шесте препораки на ЕК за почнување на прегооворите се показател за нашата досегашна посветеност на ова поле. Немањето волја кај нашиот јужен сосед ниту да се најде решение за ова прашање, ниту пак да го дозволи нашиот влез во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ беа клучните причини за одлагањата кои ни прават голема штета. Претпазливи кон нашите национални интереси, и со огромана волја за напредок влегуваме во 2015-та година по ова прашање“, вели Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.