Груевски: Проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација годинава треба да опфати нови 5.500 пензионери

Проектот за бањско климатска рекреација оваа година, според одлуките на Владата на Република Македонија, треба да опфати нови 5500 пензионери.

Досега околу 32.600 пензионери ја искористија оваа можност за бањско климатска рекреација на трошок на државата и тие се многу задоволни. Јас во неколку наврати имав можност да ги посетам, да поразговарам со нив, да видам како се одвиваат работите. Тие искажаа висок степен на задоволство и токму затоа Владата го продолжи овој проект и за оваа година. Проектот опфаќа шест полни пансиони во кои влегуваат три оброци во денот, бањска терапија и повеќе други работи што влегуваат во севкупниот ангажман, вклучително и надзор на лекар и постојани прегледи за оние на коишто тоа им е потребно, посочи Груевски.

Тој истакна дека се работи за еден многу значаен проект за пензионерите, а првата група за оваа година уште утре заминува на бесплатна бањско климатска рекреација.