Прогласувањето на изборите за неругуларни, е алиби Заев да остане на претседателската функција

Во ситуација кога се соочија со тежок пораз во првиот круг, а претходно ги искористија сите можни адути, ја загубија самодовербата дека во чесен натпревар можат да не победат освојувајќи ја довербата од мнозинството граѓани, дојде до брза и непромислена промена на стратегијата која ги втурна во уште поголем пораз за што јас јавно предупредував во говорите на митинзите во вториот круг.

Ова во интервју за Македонската информативна агенција МИА го вели премиерот Никола Груевски и нагласува дека прогласувањето на изборите за неругуларни е алиби Заев да остане на претседателската функција

„Влегоа во две сценарија. Прво, максимално валкана, нечиста или негативна кампања, насочена главно кон мене како прв човек на најголемата владејачка партија и нивни главен ривал. И второ, силна подготовка на членството и граѓаните за непризнавање на резултатите од изборите, која идеја ја имаа јавно пласирано уште пред изборите, да неречам ја најавија пред изборите, но сега веќе влегоа во нејзина силна промоција. Со обидот за мое оцрнување се одеше на намалување на разликата во број на гласови, со подготовката на прогласување на изборите за нерегуларни целта беше друга: Заев да има алиби со кое би останал на претседателската функција, истовремено умилкувајќи се на Бранко Црвенковски, јавно признавајки му дека бил во право кога година дена порано го заговараше истото, а Заев бидејки чуствуваше дека тој лично во Струмица ќе победи сериозно му се спротивстави внатре во партијата. Со тоа неговата проценка беше дека и тој ќе си заврши работа и со Бранко ќе застане на иста линија, бидејки Бранко нема да може да се спротивстави на таа идеја која до лани ја нудеше за единствено можна, кога пак имаше иста позадина: алиби за опстанок на партиската функција,“ додава Груевски.