четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Груевски: Програмата за условен паричен надомест ќе продолжи и годинава

Програмата за условен паричен надомест ќе продолжи и оваа година. За таа цел обезбедени се 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за околу 6.500 семеjства чии деца посетуваат средно образование. За ова информираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој престојуваше во работна посета на општина Илинден.

gruevski-izjava

Последни вести

Како што информира, оваа мерка била усвоена уште на првата владина седница што се одржа во јануари годинава, а е дел од програмата  која што на сите приматели на социјална помош им овозможува доколку децата посетуваат средно образование на редовна основа да добијат поголема финансиска помош.

Тоа е мерка која што ја воведовме пред 6, 7 години и одлично се одвива, а ќе продолжи и оваа година. Со буџетот што се усвои минатата година и со програмата што се усвои во јануари се планираат 80 милиони денари за шест и пол илјади семејства, финансиска помош за поддршка на нивните деца во средно училиште, рече Груевски.

Досега преку оваа владина мерка доделени се вкупно 360 милиони денари.

Најчитани вести