четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Груевски на пуштањето во употреба на новиот електромоторен воз

Новиот воз пристигна на шините на Железничката станица во Скопје

Новиот воз пристигна на шините на Железничката станица во Скопје

Поврзани вести

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на новообезбедениот електромоторен воз на Железничката станица во Скопје.

Со промотивно возење на релацијата Скопје – Велес денеска ќе биде пуштен во сообраќај нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од кинеската компанија ЦСР.

На пуштањето во употреба на возот е покрај премиерот Никола Груевски, ќе присуствуваат министри, претставници на ЦРС и на МЖ Транспорт.

Новиот воз е со капацитет за 200 патници и ќе сообраќа на пругите каде што има електрично напојување. Возот е со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети.

Од кинеска ЦРС Македонија набави шест воза, два електромотрони и четири на дизел погон, со вкупен капацитет за 1.200 патници. Според договорот, останатите пет воза треба да бидат испорачани на почетокот на следната година.

Инвестицијата за набавката изнесува 25 милиони евра.

 

Најчитани вести