Груевски на пуштање на ново средно училиште во Шуто Оризари

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на ново средно училиште во Шуто Оризари.

По пуштањето во употреба на новото средно училиште во Шуто Оризари премиерот Груевски ќе го посети доградениот објект во состав на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“.

Подоцна, премиерот Груевски ќе го посети доградениот објект во состав на основното училиште „26 Јули“.

Едно училиште почна да се гради, друго беше пуштено во употреба

Новото училиште лоцирано до објектот на постојното основно училиште Невена Георгиева Дуња во општина Кисела Вода вчера почна да се гради.

Новата училишна зграда ќе биде со површина од 1.220 метри квадратни, а инвестицијата вредна 75 милиони денари е на Министерството за образование и наука.

Едно училиште почна да се гради, друго беше пуштено во употреба
Едно училиште почна да се гради, друго беше пуштено во употреба

На поставувањето камен темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот и заменик-министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и Спиро Ристовски и раководството на Општината.

Премиерот Груевски истакна дека почетокот на учебната година е одлична симболика да се означи стартот на нов проект во Кисела Вода и изградба на уште едно ново училиште во РМ. Наставата во ОУ Невена Георгиева Дуња, укажа Груевски, повеќе од 50 години се изведува во стари монтажни објекти.

Новото училиште ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Просторот ќе биде поголем, ќе има подобра изолација бидејќи ќе биде објект од тврда градба со целосно нова опрема, нови училници, нови кабинети, машинско одделение, работилница, магацин и се што значи комплетно ново училиште, рече Груевски.

Новото училиште, како што најави, треба да биде готово за 16 месеци, односно до крајот на 2016 година. Со оваа инвестиција ќе се добие ново и современо училиште на два ката со вкупен капацитет од 600 деца во две смени.

Груевски во текот на вчерашниот ден присуствуваше и на пуштање во употреба на новата училишна зграда на училиштето „Живко Брајковски“ во општина Бутел.