Македонија

Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија

Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија
Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија, фото: МИА

Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија. Ако на тоа се додаде фактот дека во изминатите години имаме направено и реконструирано преку 70 локални патни правци во општините од западна Македонија, станува јасно дека скоро и да нема место во овој регион во кој немаме инвестирано за изградба на патишта.

Ова го посочи премиерот Никола Груевски, кој денеска во рамки на посетата на реканско-дебарскиот крај заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, го означи почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Ново Село – Маврово во должина од 11 километри за кој ќе бидат инвестирани 2,5 милиони евра.

Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија, фото: МИА
Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија, фото: МИА

Како што пренесува МИА, градежните работи се очекува да завршат за околу една година, а по завршувањето на оваа прва фаза, планирана е и реконструкција и рехабилитација на патот преку Маврово кон Жировница и Дебар. Целокупната инвестиција на овој проект се проценува на осум милиони евра, а должината на целиот пат којшто ќе биде реконструиран е 20 километри.

Груевски: Работиме на сите регионални правци во западна Македонија

Премиерот Груевски, нагласи дека станува збор за патен правец кој е најкористен за патување кон Маврово и кон населените места од дебарскиот и реканскиот крај и како што посочи, реконструкцијата на патот било едно од најчестите барања на граѓаните. Со оваа реконструкција ќе се исполни уште едно од дадените ветувања на Владата.

Ова е уште еден проект за западниот дел на Македонија. Ако се има предвид дека во изминатиот период го направивме патот Струга – Дебар, во моментот се прави автопатот Кичево – Охрид, а почнуваме да го реконструираме и патот Маврово – Дебар, тоа значи дека работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија. Ако на тоа се додаде фактот дека во изминатите години имаме направено и реконструирано преку 70 локални патни правци во општините од западна Македонија, станува јасно дека скоро и да нема место во овој регион во кој немаме инвестирано за изградба на патишта. Тоа е нашиот влог за подобар живот на граѓаните, но и за поддршка на локалната економија и туризмот во овој регион, потенцира Груевски, пренесе МИА.

Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија, фото: МИА
Груевски: Работиме на сите најважни регионални правци во западна Македонија, фото: МИА

Премиерот се осврна и на реализираните проекти во овој крај каде претежно живеат Македонци муслимани.  Како што посочи, во изминатиот период е направен и патот до селото Сенце, патот Требиште – Велебрдо, патот до Нистрово, а е направен и патот од браната на Мавровско Езеро до Маврови Анови.

Тој напомена дека изминатиот месец, како резултат на дадените ветувања, свечено е пуштена во употреба и новата патека покрај Мавровското Езеро, што е чекор напред кон промоција и развој на туризмот во мавровскиот регион.

Мисајловски: Инвестициите во ифраструктурата значајни за развој на економијата

Министерот за транспорт и врски истакна дека развојот на овој регион е во фокусот на Владата и оти инвестициите во патната инфраструктура не само што влијаат на подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните, туку тие се и многу значаен дел за развојот на економијата.

Мисајловски најави дека наскоро ќе се започне со рехабилитација на мостот пред Стража. Како што рече, станува збор за инвестиција вредна 33 милиони денари. Исто така, најави дека за месец-два ќе се започне и со реконструкција на регионалниот пат Мелнички мост – Центар Жупа. Во текот на оваа година ќе биде изработен и проект за изградба на нов регионален пат Граски мост – Извор во должина од 20 километри, инвестиција која се проценува над 20 милиони евра.

Мисајловски: Инвестициите во ифраструктурата значајни за развој на економијата
Мисајловски: Инвестициите во ифраструктурата значајни за развој на економијата

Генерално во изминатиот период и овој што следи во рамки на проектите од Програмата на Владата опфатена е реконструција на околу 100 километри патна мрежа во овој регион или инвестиција во вредност од над 50 милиони евра. Тоа само ја покажува нашата посветеност во рамномерниот развој на патната инфраструктура во земјава, нагласи министерот Мисајловски.

Во текот на денешниот ден, во рамки на посетата на реканско – дебарскиот крај планирано е премиерот Груевски да оствари повеќе средби со граѓани во неколку населени места, да направи увид во градежните работи на локалниот пат во Скудриње и да ја посети фабриката Еуро Едил Холдинг.