Груевски работно на Конгрес на ЕПП и средби во Малта

Меѓудругото, престојот ќе биде искористен за билатерални средби со луѓе од политичкиот естаблисмент. На настанот, Конгресот и Самитот на Европската народна партија ќе присуствуваат политичките функционери од Европа кои припаѓаат на десничарските политички партии, која е највлијателната политичка сила во рамките на Европската унија.

Во рамките на престојот, меѓудругото ќе се презентираат ставовите во однос на актуелните домашни случувања, политичката криза, како и стратешките интереси на Република Македонија.

Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.