Македонија

Груевски до раководството на СДСМ: Се повеќе ќе ме гледате меѓу народот, сакале вие или не!

Груевски до раководството на СДСМ: Се повеќе ќе ме гледате меѓу народот, сакале вие или не!

Гледам дека деновиве, нашите опоненти и нивните медиумски подржувачи го отвораат прашањето зошто јас се појавувам на разни настани поврзани со остварувањата на ветувањата дадени на изборите, и со проектите за добробит на народот. Нема да им одговарам во стилот зошто Заев отвараше градинки со Жерновски, или Бранко удираше камен темелник на базен во Куманово или слично, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на Годишната конференција на Унијата на жени нa партијата.

-Ќе им одговорам поинаку: Јас сум активен и ќе бидам уште поактивен заради народот кој ми ја дал довербата, ако воопшто имате чуство што тоа значи. Јас ја предводев кампањата и ја побарав довербата од народот за мене и мојот тим, за ВМРО и за нашата програма, идеи и идеали.  Народот во секоја демократска држава кога излегува на избори, не дава подршка ни на министер, ни на премиер, ни на директор. Дава подршка на политичка партија, нејзината програма, нејзиниот лидер и неговиот тим, кому врз основа на минатиот труд му верува во ветувањата. Таа подршка од народот на минатите избори ја доби ВМРО ДПМНЕ, на чело со мене како нејзин претседател, и јас имам одговорност кон тој народ и кон ветеното кон него, рече Груевски.

Првиот човек на ВМРО обраќајќи се на раководството на СДСM и нивните медиумски подржувач изјави:

-Сакале вие или не, ќе ме гледате се повеќе меѓу народот, земјоделците, студентите, пензионерите, меѓу сите на кои никогаш не им го свртев грбот и не ги заборавив кога им било најтешко, и никогаш не ми го свртеа нивниот грб и не ме заборавија кога ми беше мене најтешко. Ќе ме гледате наскоро на многу средби со народот низ различни градови и села, ќе ме гледате со мојот тим и моите сопартијци како ги исполнуваме партиски и изборно дадените ветувања, но и како со народот ја договараме досега најдобрата и најсеопфатната, новата изборна програма за Македонија. Знам дека би сакале да ме снема, да не се појавувам никаде, но ќе ме гледате и на многу состаноци каде договараме како побрзо и поефикасно да се спроведат проектите важни за луѓето, како што е на пример проектот ,,Купи куќа за млади,, , каде младите до 35 години добиваат неповторлива можност да дојдат до своја куќа под поволни услови кои не се нудат во ниту една земја во светот, и каде и оние кои имаат помал стан или куќа можат да ги продадат и изградат нова поголема куќа, ќе ме гледате и на отворањето на ПЕТ центарот, проект кој му го ветивме на народот пред изборите, ќе ме гледате и тоа многу брзо на почетокот на изградбата на новата-втора фабрика на произведителот на автобуси на белгискиот Ван Хул, кого го донесовме во Македонија, и кој заради добрите услови за правење бизнис кои ги ветивме и создадовме, одлучи да изгради уште една нова фабрика и да вработи нови 500 невработени луѓе, кои сега немаат работа, рече Груевски и продолжи:

-Ќе ме гледате и на потпишувањето на договорот со американскиот гигант Џонсон Контролс за градба на нова фабрика во Стумица каде ќе се отворат нови 1500 работни места за луѓе кои сега се невработени,инвестиција која ја најавив летово, а неодамна компанијата ја потврди и објави одлуката за инвестирање во Македонија, ќе ме гледате и на отворањето на новата ВТОРА  фабрика на итаљанскиот Технохозе во која ќе се вработат најмалку 100 невработени лица, ќе ме гледате и слушате и наскоро при објава на две нови германски инвеститори, едната во еден помал град во југозападниот дел на Македонија каде ќе се вработат само за почеток 150 невработени лица, другата во делот на машинската индустрија со најмалку 60 невработени главно инжињери, ќе чуете од мене и за резултатот од мојот и на мојот тим од ВМРО ДПМНЕ напор за донесување на нова компанија за производство на софтвер која ќе ангажира најмалку 200 луѓе, ќе ме гледате и слушате уште на многу места, прилики, настани…и ќе ме гледате повеќе одколку во минатото, бидејки полни со омрза кон мене, сакајки да ме тргнете, ме ослободивте од многу административни, куртуазни и формални обврски за кои како Премиер морав да посветам време, а сега неморам, и знаете што,….гледајте и учете како се работи за Македонија, независно на која позиција си.  Гледајте и учете што е одговорно однесување кон својот народ и ветувањата кои си му ги дал, гледајте и учете како со работа, труд, искрен пристап и резултати, народот кога гледа дека работиш од срце и душа, ти ги простува и грешките и пропустите и ти ја дава довербата, гледајте и учете како  убедливо се добива 10тата победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,