Груевски: Разликата е во прецизната програма која ние ја имаме, наспроти голата реторика

Коментирајќи го исходот на конгресот на СДСМ и повторниот избор на Заев на чело на опозицијата, премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА вели дека исходот не е ништо друго туку победа на политиката на Бранко Црвенковски, неговите луѓе продолжуваат во истиот дух и со истите методи онаму каде што тој застана.

Неповлекувањето на Заев не ме изненади бидејќи тој тоа го најави уште во кампањата. Јас и тогаш кажав што мислам, а тоа мислење е непроменето. Како партија да баравме не можеше да најдеме подобар противкандидат од Заев, и тоа го кажав ни најмалку со желба да го потценам, туку едноставно поради разликата на начинот на функционирање и вредностите и принципите до кој држи едната и другата политичка опција, смета Груевски.

Според него разлика се гледа во нивната прецизна програма наспроти, како што вели голата реторика на СДСМ.

-Разликата која се гледа во прецизната програма која ние ја имаме, наспроти голата реторика и немањето на програма во СДСМ, во минатото и аферите кои се провлекуваат зад нивната работа и чесниот труд и вложувања кој се дел од нашите залагања и работење. Едноставно направете анализа што се се` нудеше и зборуваше на митинзите и што ние понудивме. Толку мала и слаба понуда, со толку многу навреди, клевети, црнила и манипулаации кон противникот, кон нас, наспроти 2046 многу конкретни и реални проекти. Таков ли човек планира да ја води државата. На крајот што и како мислат граѓаните се покажа на изборите. Тие во огромно мнозинство се одлучија за проекти и програма, за принципи и вредности, вели Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.