четврток, 15 декември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски: Реализираните проекти ги решаваат проблемите на граѓаните

gruevski-proekti

Поврзани вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес во своето обраќање по повод отпочнување на кампањата за прибирање на идеи од граѓани за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, потсети на дел од проектите и резултатите од тие проекти кои, како што подвлече беа реализирани заедно со народот.

Ја размрдавме сцената и по долги децении го поставивме граѓанинот онаму каде што заслужува, на врвот на пиедесталот. Таму и ќе остане секогаш. Успеавме со реализирање на над три илјади проекти да решиме барем еден проблем на секој граѓанин, без разлика на националност, вера, религија, припадност на политичка партија и без разлика дали гласал за нас или воопшто не гласал, рече Груевски.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е силно фокусиран кон најголемиот проблем на граѓаните- вработувањето, а во изминатиот период е постигнато најниско нивно на невработеност од 26,8% .

Тоа е драстично помалку од наследените 38% невработеност. И ова намалување има уште поголема тежина кога ќе се разбере дека беше во тешки времиња на светска глобална криза и европска должничка криза кога секаде невработеноста растеше, подвлече Груевски.

Го ветивме и целосно реализиравме проектот „Отпис на долгови“, подвлече премиерот. Со овој проект се помогна на околу 15.000 семејства со што се отпишаа долгови по повеќе основи во вредност од над 30 милиони евра.

Оваа година повторно ги зголемивме пензиите за нови 5% со што 300.000 пензионери повторно добија повисока пензија. Социјалната помош во просек се зголеми за 62%, а постојната парична помош за 60,5%.

Активно се реализира и проектот за бањско климатска рекреација за пензионерите и до сега оваа можност ја искористиле 32.644 пензионери. Во рамки на проектот „Бесплатен туристички викенд“ беа вклучени 2.567 пензионери, проект кој е започнат оваа година и ќе продолжи и следната и тоа за нови 3.000 пензионери и нови 5.500 кои ќе бидат опфатени за проектот за бањско климатска рекреација.

До сега изградивме вкупно 34 км за што инвестиравме 44 милиони евра, а во тек е изградба и реконструкција на 4 автопати во должина од 135 км, односно 3 автопати и уште еден кој е во подготовка, инвестиција од скоро 1 милијарда евра. Изградени се 40 регионални патишта со должина од 516 километри, инвестиција вредна 94 милиони евра. А во тек е изградба на 9 патишта во должина од 119 км, инвестиција вредна околу 42 милиони евра, истакна Груевски.

Само во последните неколку години се изградени 392 локални патишта со должина од 735 км, која е инвестиција од 62 милиони евра.

Во тек е фазна изградба и реконструкција на железничката пруга од Куманово до Бугарија во должина од 89 км. По цели 40 години започна реконструкција и санација на железничката станица во Скопје, реконструкција на железничките станици во Битола, Велес, Прилеп , Гевгелија, Неготино, Богомила, Градско, Чашка, Табановце, Демир Капија. Стигнаа и новите 150 товарни вагони инвестиција вредна 13 милиони евра и првиот оф 6-те патнички возови за кои инвестиравме 25 милиони евра, додаде премиерот.

Започна и проектот за набавка на современа медицинска опрема во вредност од над 100 милиони евра. Над 100 милиони евра инвестиции се вложени и за изградба и реконструкција на голем болници, клинички центри. Наскоро започнува и изградбата на Клиничкиот центар во Скопје и новата Клиничка болница во Штип. Ќе се градат и ќе се врши реконструкција на болници во Струмица, Кичево, Охрид, реконструкција на Институтот за белодробни заболувања во Козле, реконструкција н а болницата 8-ми Септември, како и болницата во Велес.

Изградивме нови капацитети во студентскиот дом „Стив Наумов“ , се реконструиршае блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ а отпочна и процедурата и за реконструкција на блокот А, истакна Груевски.

Премиерот зборуваше и зградени се и реконструирани 70 и 35 реконструирани училишта, за студентските домови кои ќе се градат во Скопје и во Тетово, за новите 80 нови лаборатории во високо научните институции, како и преводот на повеќе од 1.000 стручни книги, и за изградените нови спортски и тениски игралишта, но и за 780 милиони евра поддршка за земјоделците и намалувањето на ДДВ-то за земјоделската опрема.

Најчитани вести