Груевски со речиси 6 пати поголема поддршка од граѓаните наспроти Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ужива речиси шест пати поголема доверба кај граѓаните за разлика од лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Од резултатите на Анкетата која ја спроведе Институтот Димитрија Чуповски“ помеѓу 30. март и 2. април годинава може да се утврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема поддршка помеѓу македонските граѓани со 39,5%, зад него Зоран Заев со само 7,3%.

anketa

-Целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Другите помали етникуми беа дел од анкетата, се ели во соопштението од Институтот.