Македонија

Груевски: Решивме долгогодишен горлив проблем на професионалните војници

Груевски:  Решивме долгогодишен горлив проблем на професионалните војници

Со проширувањето на законска рамка за законот кој што беше изгласан за служба во АРМ се опфатени сите професионални војници.

„Со овој закон решивме еден долгогодишен горлив проблем кој го наследивме од поранешната влада и од 2006 година немавме никаво решение за војниците кои што ќе навршат 35 години.Подоцна привремено на некој начин го решивме проблемот зголемувајку го на 38, па на 45 години и сега конечно трајно го решивме со тоа што после 45 година се обезбедува вработување во државните институции за сите, истакна премерот Никола Груевски

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додаде премерот,  донесе одлука да и препорача на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во законот да бидат внесени и оние лица кои што биле проефесионални војници и во меѓувреме им истекол договорот  и коишто со датум 31,12,2013 немаат  остварено вработување спорд Агенцијата за вработување .

Според неформалните информации станува збор за околу 110 лица кои согласно овој закон во наредните 9 месеци ќе бидат згрижени односно ќе им биде понудено работно место  во една од државните институции и на тој начин во целост се решава проблемот со професионалните војници вклучувајќи ги и оние кои во минатото им истекол договорот и останале без работа.