Македонија

Груевски: Режим е кога се одредува притвор за пратеничка зашто се гушнала со сопругот кога влегол во Собрание

Груевски: Режим е кога се одредува притвор за пратеничка зашто се гушнала со сопругот кога влегол во Собрание

Тоа што се случи вчера е тежок преседан, тоа е ужас, тоа е режим. Тоа е нешто што го нема во демократски држави, тоа е уривање на демократијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во средата коментирајќи ги одлуките на кривичниот суд од вторникот кој одреди затворски и куќен притвор а шест пратеници од неговата партија и коалицијата.

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам и до Обвинителството и до судството, а посебно до Владата која стави сѐ под контрола, да не прави вакви работи. Во моментот пет отсто од сите пратеници се во притвор домашен или ефективен или 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Груевски.

Такви нешта, како што кажа, може да се случи во држава во која демократијата е длабоко закопана.

„Партијата која до пред шест месеци зборуваше и не го вадеше зборот режим од уста сега прави вистински режим. Ова го немало ни во 1949 година. Вакво незаконско постапување кон пратениците, нивно држење со лисици и по 16 часа и одредување притвор за ништо затоа што биле на работното место, затоа што некоја пратеничка се гушнала со сопругот кога влегол во Собранието, кога чул што се случува таму е ништо повеќе туку задушување на опозицијата и демократијата“, рече Грувски.