вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Груевски: Рудниците Тораница и Злетово добиваат нов инвеститор што ќе значи работа за над 900 вработени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски гостуваше во дневникот на Сител и потенцира дека рудниците Тораница и Злетово добиваат нов инвеститор што ќе значи работа за над 900 вработени.

rudniciii

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски гостуваше во дневникот на Сител и потенцира дека рудниците Тораница и Злетово добиваат нов инвеститор што ќе значи работа за над 900 вработени.

Како што рече, вработените во рудниците за олово и цинк во Крива Паланка и Пробиштип се во неизвесна ситуација во однос на нивната егзистенција.

Кога некоја компанија ќе отиде во стечај и ликвидација доколку таа има средства или одредена вредност, тоа луѓето ќе треба да го сфатат како нов почеток. Овие два рудника отидоа во стечај , имаа претходно инвеститор концесионер уште од времето на СДСМ кој што овој извесен период работеше слабо. Луѓето беа многу разочарани , околу 900 рудари останаа без работа. Но додека јас бев во Владата ние тоа го гледавме како можност за нов почеток во смисла на изнаоѓање на нов инвеститор, нов концесионер , кој што ќе ги рестарира рудниците, ќе додаде нова инвестиција, да ги подобри условите во самиот рудник и ќе ги врати луѓето на работа и ќе ги заживее рудниците и ќе го продолжи нивниот век со новата инвестиција. Пред неколку дена заврши наддавањето , имаше јавна електронска лицитација на која конкурирале 5, 6 компании од различни држави во светот. И победник на таа лицитација е компанија од Бугарија која победи на лицитацијата. Сега следува тој жалбен период за на крај да следи одлуката на Владата. Оваа компанија планира да ги врати на работа сите 900 рудари постепено, како ќе се рестартира рудникот во наредните месеци, како ќе ја добе дозволата што ќе значи повторно вработување на 900 луѓе, 900 семјства повторно ќе добијат сигурност, рече Груевски.

Најчитани вести