Македонија

Груевски: Сакам да се соочиме со СДСМ во Парламентот, Собранието одлучува за мандатите

Груевски: Сакам да се соочиме со СДСМ во Парламентот, Собранието одлучува за мандатите

Премиерот Никола Груевски сака ставовите на партиите да се соочуваат во Законодавниот дом.

Тој во своето гостување во Алфа телевизија истакна дека најмногу посакува здрава политичка борба во Парламентот.

Запрашан за тоа дали ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од опозицијата кои не присуствуваа на ниту една седница премиерот одговори дека законите мора да се почитуваат.

-Не зависи од мене дали ќе им бидат одземени мандатите на овие пратеници. Тоа зависи од законите, актите.  Јас сакам тие да се вратат во Парламентот , таму да ги соочиме аргументите. Тие таму можат да дадат критика, ние да ја слушнеме. Претседателот на Парламентот мора да го спроведе законот, рече Груевски за Алфа.

Премиерот истакна дека спротивно на неговата волја, може да дојде до ситуација кога нема да постои друг избор, освен да се одземат мандатите.