Груевски: Само лани домашните компании од соработката со странските оствариле промет од 50 милиони евра

сорос

Домашните инвеститори не заостануваат зад странските, тие отвораат сè повеќе нови работни места, но главниот генератор на извозот станаа новите странски инвестиции, што е нормална појава, тие се економски посилни и со поголеми капацитети, вели Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во мега интервјуто за Телеграф.мк.

Влегоа крупни глобални компании чиј пазар е целата планета и кои имаат огромен капитал и искуство. Уште поважно е што новите странски инвестиции почнаа да работат со домашните компании. Само лани, купиле стоки во вредност блиску 50 милиони евра од домашните компании. Оваа бројка од година во година ќе расте, бидејќи домашните инвеститори сè повеќе стануваат свесни за новите можности за соработка со фабриките на големите конгломерати кои им пристигнаа во соседство, како никогаш досега. Ги променивме условите, стекнавме доверба во постојаноста на нашите економски политики и сега работите се движат со солидна динамика.

Во слободните економски зони, додава Груевски, влегоа и првите две македонски фабрики што ги исполнуваат условите и кои го побараа тоа.

Едната веќе се гради, втората се проектира. Добредојдени се и други ако има интерес и ако ги исполнуваат условите. Имаме преговори со поголем број други инвеститори кои се во тек. Верувам дека дел од нив ќе завршат со успех.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.