Груевски: Само народот на избори може да состави влада

Нашиот став беше и ќе биде дека влада може да состави само народот и граѓаните на Република Македонија на избори и дека не може одредени политички партии да прават математики, проекции или планови за создавање или влегување во влада без да ја добијат поддршката на граѓаните на избори, порача премиерот Никола Груевски прашан за коментар какви се неговите очекувања од доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во вторник во Македонија.

– Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваме со различни идеи за разговорите со комесарот Хан за да бидеме максимално конструктивни и да придонесеме во разрешувањето на политичката криза и неговото доаѓање да заврши со успех. Тоа не зависи само од нас бидејќи има и друга страна во разговорите, а токму затоа не сакам да бидам ниту песимист, ниту оптимист зашто не можам да претпоставам како другата страна ќе настапи, рече премиерот Груевски по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.