Груевски: СДСМ без поука од настаните на 24-ти декември

Во четирите години зад нас се справувавме со деликатни предизвици, како последиците од економската кризата кои ги почувствувавме индиректно заради падот на економииите во Европа. Антикризните мерки дадоа сериозни резултати, рече премиерот Никола Груевски на Конгресот кој се одржува во Куманово.

Груевски рече дека настаните од 24-ти декември биле сериозен предизвик кога Заев и Бранко Црвенковски имаа обид за насилно превземање на власта. Премиерот нагласи дека овој деструктивен чекор создал многу проблеми, но опозицијата предводена од Зоран Заев не извлекла никаква поука од тој настан.

Во четирите години зад нас се справувавме со деликатни предизвици, како последиците од економската кризата кои ги почувствувавме индиректно заради падот на економииите во Европа. Антикризните мерки дадоа сериозни резултати, рече премиерот Никола Груевски на Конгресот кој се одржува во Куманово.

-Трет голем предизвик е блокадата за заслуженото место во ЕУ и НАТО. Македонија продолжи да добива позитивни извештаи, за жал заради противењето на Грција не ги започнавме преговорите. Пресудата од Хаг ни беше ветер во грб, но не беше доволна за деблокада на процесот. Фрустрирачки е да се зборува за ова во кое е содржана голема неправда. Сепак, ние се откажуваме и ќе продолжиме да бараме начин да ја оствариме целта. ВМРО-ДПМНЕ нема да профати промена на уставот со цел промена на уставното име, нема да прифати идеи и предлози кои ќе го нарушат македонсиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик, рече Груевски кој додаде дека опозицијата дезиорентирано ги напаѓа, бидејќи како што рече, ако биле спремни да ги продадат името и идентитетот, имале 8 години да го напраат тоа.

-Ова не е прашање за дневна политика и не е прашање лесно за решавање. Ако беше, СДСМ ќе го решеше. Затоа ако не можат да помогнат, барем нека не одмагаат. Заев толку верува дека со телевизиски настап во Грција може да го реши прашањето, рече Груевски.