Груевски: СДСМ дава предлози без официјални и точни бројки

СДСМ кога дава предлози не дава официјални и точни бројки, рече денес премиерот Никола Груевски коментирајќи го предлогот на СДСМ за враќање на персоналниот данок на сите кои земаат плата помала до 12.000 денари.

„СДСМ кога дава предлози не дава официјални и точни бројки. Според нив, денеска има 15.000 такви луѓе, а таа бројка не е точна и е од времето кога тие биле на власт. Тие не кажаа ни колку чини тоа ДДВ. Кога ќе се пресмета, сумата што треба да им се врати на тие граѓани изнесува од 19 до 45 денари, а на тие со најголеми примања ќе треба да им се вратат 290 денари. СДСМ зборува за враќање на средната класа, а со 19 денари средната класа не може да се врати. Зголемувањето на стандардот на населението се прави со зголемување на минималната плата, зголемување на пензијата, поголем број на инвестиции“, рече премиерот.

Тој посочи дека СДСМ цело време промовирајќи се себеси зборува за тоа како ќе се трошат парите од буџетот, а не за тоа како да се зголеми буџетот.

„Понекогаш се прашувам дали треба воопшто да одговарам на такви неосновани прашања“, рече премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.