Груевски: СДСМ е казнуван девет пати по ред и не се менува

Груевски: СДСМ е казнуван девет пати по ред и не се менува
Груевски: СДСМ е казнуван девет пати по ред и не се менува
СДСМ е казнуван од народот девет пати по ред. И не се менува. Напротив, уште толку заглибува во деструктивност, и напор со зла мисла, со лоши дела, со лаги, со деструкција и со сила да дојде на власт. Затоа, и со сета поддршка која ја има, откако што Заев се фали по смс до Мендух Тачи, ,,нивните,, како што вели тој ,,пријатели од надвор“ , со сиот тој ветер во грб, огромни истурени пари на платеници, и деструктивци, мнозинството од народот исто како и младите во УМС, знаат да направат разлика. Ете тоа е денес Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната 25 Конференција на Унијата на млади сили.

Тој додаде дека не е основната разлика како што некои ја гледаат меѓу патриоти и предавници.

-Основната разлика меѓу ВМРО и СДСМ е работници и неработници. И за разликата да биде уште поголема, неработниците, ако по нешто се фатат за работа, е како да го срушат и уништат, срботеното, созаденото, изграденото, реформираното од оние кои работат. И когда народот гледа дека максимално работиш, и даваш се од себе за доброто на сите, тој е подготвен и да ти прости некои грешки, бидејки знае дека кој многу работи, тој и греши. И кога народот гледа дека не само што неработиш, туку сакаш и да го срушиш она што друг го сработил, колку и да имал некои симпатии кон тебе, неможе да ти верува, неможе да се потпре на тебе, неможе да не те казни на изборите, посочи Груевски.