Македонија

Груевски: СДСМ ги мами граѓаните со усогласување пензиите ќе бидат поголеми за само 180 денари

Груевски: СДСМ ги мами граѓаните со усогласување пензиите ќе бидат поголеми за само 180 денари

СДСМ го потценува народот, а особено ги потценува пензионерите, обвини денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Изјавите на СДСМ за зголемувањето на пензиите според Груевски се голема измама.

„Таа измама е што зголемувањето на пензиите во време на ВМРО-ДПМНЕ секој месец плус 670 денари тие го споредуваат со усогласувањето кое сега ќе го има за цела година. Во време на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година имаше зголемување на пензиите за 670 денари месечно. Тоа годишно е над 8 илјади денари. Сега усогласувањето кое е по закон и мора да го направат, а да имаа избор можеби и тоа немаше да го направат, ќе значи плус 180 денари месечно, а годишно 2.160 денари“, образложи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова е голема измама од страна на СДСМ и додава дека не може да верува како СДСМ си дозволуваат да ги измамат луѓето на ваков начин. Груевски изврши увид во изградбата на новата канализациона мрежа во Петровец

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во средата направи увид во изградбата на новата канализациона мрежа во општина Петровец.

Како што тој објави на својот Фејсбук профил, канализационата мрежа е во завршна фаза во должина од 700 метри, со вкупна вредност од 2 милиона и 400 илјади денари.

„Истовремено се гради и нова канализациона мрежа во Горно Коњари, како и во друг дел од населбата Петровец. Во меѓувреме во општината се изгради ново училиште, нова градинка, нова спортска сала и многу други проекти со кои Петровец станува атрактивно место за живеење“, напиша Груевски на Фејсбук.