четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Груевски: Им даваме последна шанса на СДСМ да излезат на избори и да го погледнат народот во очи

По долги и детални анализи и консултации, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24-ти април за 5-ти јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори и од соочувањето со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани, но и злоупотребени од сите они кои не и сакаат добро на Македонија и кој немаат еднаков интерес како нас, Македонија да оди напред.

gruevski-vmro-dpmne-768x427

Последни вести

„Во овој момент постигнати се сите потребни услови за одржување на фер и демократски избори на 24 април. Тоа му е јасно на секој човек во нашата држава, како што му се јасни и причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори за тоа, како што му се јасни секому причините зошто проценката на САД и ЕУ беа такви какви што беа. И како што секому му се јасни причините зошто ВМРО-ДПМНЕ одлучи да прифати мало поместување на изборниот ден“, истакна вечерва лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

-Одлуката за изборниот ден беше во наши раце. Но, и одговорноста која ја носиме за државата и за народот во неа. По долги и детални анализи и консултации, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24-ти април за 5-ти јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори и од соочувањето со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани,  но и злоупотребени од сите они кои не и сакаат добро на Македонија и кој немаат еднаков интерес како нас, Македонија да оди напред. Низ  анализите и консултациите, преставниците на ЕУ и САД, не убедија во 4 работи: Прво, дека ова ќе е единствено пролонгирање и нема да има ново барање од нив за пролонгирање изразено во било која форма. Второ, дека до изборите на 5-ти јуни повеќе нема да има разноразни преговори за организирањето на изборите, бидејќи и тие сега веруваат дека ДИК ќе има доволно време да ја заврши својата работа со пречистувањето на избирачкиот  список. Трето, дека нема да има поставувања на никакви нови услови за одржување на изборите на 5-ти јуни вклучувајќи го и законот за медиумите и четврто, нема да има нови проценки за тоа дали  земјата е подготвена или не за избори од страна на ЕУ и САД, затоа што со поместувањето на датумот овие нешта се апсорбирани, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека добиле  уште едно цврсто уверување од Претседателот на партијата ДУИ, Али Ахмети дека стојат цврсто за одлуката за избори на 5-ти јуни, со или без СДСМ.

-Државата не може да биде заложник  на една политичка партија, во случајот СДСМ. Со ова поместување им даваме и последна шанса на СДСМ, да излезат на изборите и да го погледнат во очи народот, на кого му ја наметнаа оваа политичка криза. Само со излегување на изборите се добива легитемитет и доверба од граѓаните и никако поинаку. На оние кои сметаат дека во изминитатиот период ВМРО направи премногу компромиси, сакам да им порачам, дека нашата компромисност кои некои го нарекуваат прекумерно попуштање се должи исклучиво во нашата верба во нашиот народ, нашата држава и во силата која народот ни ја дава. Дневните силења и надмудрувања кој денес испаднал послаб а кој појак ќе завршат на 5-ти јуни. Го слушнав пред малку Заев како вели дека ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Со тоа самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5-ти јуни на избори. Затоа Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот, наместо да се обиколуваш со луѓе кои аплаудираат за се и се пресреќни што само за еден месец се пролонгирале изборите и големиот пораз кој ве чека. Ја слушав пред малку и реториката на СДСМ во парламентот, со очаен обид да прикажат некаков триумфализам, кажувајќи дека ова било нов пораз на Никола Груевски. Јас ќе им порачам:  до 5-ти јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5ти јуни ќе се срамите од самиоте себе. На 5-ти јуни ќе видете кој е победникот и кој е поразениот, и сегашната вештачка насмевка, нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка, затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ, колку и да таа беше политичка одлука  без аргументи, СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија. А на 5-ти јуни, ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, заклучи Груевски.

Најчитани вести