„Курир“: Додека Груевски на терен се среќава со граѓаните, СДСМ на интернет чита за селата

Додека Груевски на терен се среќава со граѓаните, СДСМ на интернет чита за селата во Македонија и се распрашува за нив, пишува порталот „Курир“.

СДСМ се повикува на стари податоци од Википедија

Порталот нагласува дека откако пред само две недели СДСМ и Зоран Заев го одминаа селото Новак, наместо по примерот на премиерот Груевски директно на терен да ги слушнат проблемите на граѓаните и да помогнат во нивно решавање, СДСМ сега повикувајќи се на стари податоци објавени на Википедија, каде секој може да ја уредува содржината, лаже за бројот на жители на ова населено место.

Токму во оваа насока, за Спасовски стигна вистинска шлаканица преку коментар кој може да се прочита веднаш под неговиот пост, каде му се поставува прашањето кој му кажал дека во ова место има 300 до 400 луѓе, односно тоа сигурно не е Заев, кој пред само две недели бил во тој крај, а ги одминал овие жители, пишува „Курир“ и во целост го пренесува коментарот.

spasovski-komentar

Ако Оливер Спасовски и СДСМ отидеше во Новак, барем еднаш, не повеќе, и наместо на податок на Википедија стар 13 години, сам се увереше лично во тоа населено место ќе знаеше дека тоа е место на печалбари кои доаѓаат во своето родно место. И прашањето е кој му кажал дека во тоа место имаат 300 до 400 луѓе, сигурно не Заев кој пред само две недели беше во тој крај, а ги одмина овие жители. На крај најдобар доказ се преполните плоѓтади кои СДСМ ја прават повеќе од нервозна, се вели во коментарот под постот на Спасовски.

Инаку, премиерот Груевски во четвртокот оствари средба со жителите на населеното место Новак. Тој таму беше дочекан со зурли и тапани, насмеани граѓани, аплаузи и топло добредојде.

Груевски во посета на реканско - дебарскиот регион и центар Жупа
Груевски во посета на реканско – дебарскиот регион и центар Жупа

Слична беше и сликата во Жировница, Ростуше, Скудриње, Жупа и останатите рекански села кои  Груевски ги посети во рамки на посетата на реканско – дебарскиот регион и центар Жупа.

Груевски ги посетува и се среќава со граѓаните, СДСМ на интернет чита за селата

Објавата на Спасовски покажува дека СДСМ за селата во Македонија чита и се распрашува на интернет, додека премиерот Груевски последниов период со интензивна агенда директно на терен од граѓаните слуша за нивните проблеми, а дел од нив експресно и се решаваат благодарение на брзата реакција на институциите.

Додека Груевски ги посетува и се среќава со граѓаните, СДСМ на интернет чита за селата во Македонија и се распрашува, пишува „Курир“.