Груевски: СДСМ на избори ќе види која е силата на манипулантите, а која е силата на народот

Груевски: СДСМ на избори ќе види која е силата на манипулантите, а која е силата на народот

Премиерот Никола Груевски истакна дека партијата во последните 5-6 месеци го пребродува и најголемиот удар зададен досега, на крајно кукавички и манипулативен начин.

-Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создаени дела, со понуда која граѓаните ќе ја отценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши партијата, нанесувајки огромна штета државата и нејзините граѓани. Но наместо тоа, почитувани сопартијци, тие ќе се срушат себеси. Сакајки нам да ни направат стапица, потценувајки го македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, потценувајки ја нивната интелегенција и капацитет, влегоа во валкана игра, со која самите влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ оди во нова победа, и по кои Македонија ќе продолжи да оди напред, истакна тој.

Како што потенцираше премиерот, иако претходно не се планираа предвремени избори, поради ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата потребна е интервенција од народот.

-Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија, потенцираше Груевски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.