Груевски: СДСМ наместо со програма сака да дојде на власт со црна кампања

Целта на СДСМ е меѓународно оцрнување на државата, дека нема слобода, демократија, и тука имаат одгрома поддршка и имаат огромна поддршка од институтот Отворено општество. Тоа е нивната стратегија тие се фокусирани кон оцрнување на Валдата и на државата како и на црна кампања, манипулации, монтажи, клевети и лаги и мислат дека со комбинација на овие две од една страна меѓународно да не оцрнат, а од друга дома да не оцрнат, ќе дојдат до победата, истакна премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во емисијата „Јади бурек“, кој доаде дека СДСМ наместо со програма сака да дојде на власт со црна кампања.

-Наместо да дојдат со добра програма, со добро пресметани политики како ќе го зголемат стандардот на луѓето, како ќе донесат поивеќе инвеститори од нас, како да пораснат платите во Македонија, не е битката за нив на тоа поле, каде што ние мислам дека правиме одлични чекори, они бегаат од тој терен го оставаат, проценката им дека на овој терен тие нема што да бараат со нас, туку се занимаваат со тоа колку повеќе да не оцрнат пред очите на граѓаните и пред меѓународната јавноста, сите да се всртат против нив да паднат и ние да дојдеме на валст, вели Груевски.

Тој додаде дека Џорџ Сорос од осамостојувањето на Македонинја до сега имаивестирано околу 100 милони евра во медиуми и невладини организации.

-Ние ќе носиме компани ќе отвраме работни места, ќе инвестираме во здравството, ќе отвораме училишта, 50 нови училишта имаме отворено, околу 300 се реновирани,, а СДСМ  нека тераат со кампањи од типот на клевети, потенцираше Груевски.