Груевски: СДСМ не ги зголемува пензиите- покачувањето е законско усогласување

Еден посто зголемување на пензиите не е зголемување на пензиите, тоа е законско усогласување со пораснатите трошоци на живот. Значи СДСМ не ги зголемува пензиите, туку го спроведува законот, бидејќи секоја година пензиите мора да се усогласат со зголемените трошоци на живот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на мавровско-реканскиот крај.

-Зголемување на пензиите е тоа што ние го правевме речиси секоја година, 5 посто, 5% добиваа зголемување во просек. Тоа го направивме потоа да биде 670 денари за да тие со помални пензии земат повеќе, а тие со поголеми пензии да земат нешто помалку, затоа што беа во многу лоша состијба тие со помали пензии. Така што зголемување на пензиите нема. Тоа што излезе министерката да се пофали дека еден посто, па наместо да каже месечно дека е 120 денари, го кажа годишно колку ќе биде, за да изгледа некоја поголема сума и мислејќи дека 300.000 пензионери во Македонија не разбираат ништо и дека може да ги манипулира на тој начин прикажувајќи им дека има зголемување, тоа е една голема манипулација која што уште првиот ден, уште првите 5 минути пензионерите ја сфатија, рече Груевски и додаде:

„300.000 пензионери во Македонија очекуваа оваа година да има како што имаше речиси секоја година, па дури и во кризни години, 5 посто зголемување на пензиите или во просек 670 денари. Ако го гледаме ние тоа годишно, тоа се над 8.000 денари, тоа е една просечна пензија во Македонија. Тоа е зголемување на пензиите, а не тоа што е по закон и што мора да го направите да си го прикажете како зголемување. Но, тоа пензионерите го разбираат и тоа ќе го казнат на следните избори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.