Груевски: СДСМ нека излезе на избори ако не се плаши од народот

Наспроти нив, ние се насочуваме кон човекот во Макеоднија, кон неговите потреби, кон неговите проблеми, кон подобрата негова иднина. Кон секој човек, кон сите проблеми, кон сите предизвици, кон сите нерешени прашања, кон отвораање на нови работни места, кон нови рефоми и дела, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

Ги повикувам СДСМ наместо да продолжат да бараат алиби за неизлегување на изборите, да излезат на избори. Ако аргументите кои ги говорат, се реални, народот сигурно ќе им го вреднува тоа. Не треба да се плашат од народот. Ги повикувам СДСМ на избори и на фер и демократски начин да му се даде на народот шанса да се определи кој понатаму да биде власт а кој опозиција, рече Груевски.

И покрај тоа што не се согласуваме со одлуките на претседателот, во духот на она што го кажа, повикуваме на заедничко делување во корист на иднината на земјата и граѓаните.

Ваквите поделби, омрза, гнев, реваншизми, насилства нема да не одведат никаде. Народот очекува од нас со смирени глави и со мудри одлуки да делуваме за заедничкото добро на сите граѓани на Македонија, рееч лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.