Македонија

Груевски: Ако СДСМ е сигурен дека ќе победи зошто одбива бонус пратеници?

Груевски: Ако СДСМ е сигурен дека ќе победи зошто одбива бонус пратеници?

Ако СДСМ е сигурен дека ќе победи зошто одбива бонус пратеници?! Премиерот Никола Груевски изјави дека зачуден како СДСМ како партија која се прокламира дека ќе биде победничка на престојните избори не прифаќа модел со кој победникот би добил дополнителни 17 пратенички места за формирање стабилна влада.

Како што рече,  јавноста ќе оцени зошто СДСМ го прави тоа, во одговор на новинарско прашање за одбивањето на СДСМ да го прифати предлогот за бонус пратеници во парламентот и мнозински модел на гласање.

Вчера опозицијата експресно го одби предлогот за дополнителни пратеници на победничката партија заради стабилна влада. Мене ме чуди зошто тоа го направија, зошто тоа го прави партијата која самата прокламира дека ќе биде победничка. Доколку самата се прокламира дека ќе биде победничка на тие избори еве ние и даваме можност откако ќе победи да добие плус 17 пратеници гратис за да формира стабилна влада. Тие тоа го одбиваат, дали затоа што реално не веруваат дека ќе победат, или нешто друго е во прашање нека процени јавноста за тоа, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на спортска сала на ДУТ во Тетово, пренесе МИА.

Груевски: Ако СДСМ е сигурен дека ќе победи зошто одбива бонус пратеници?
Груевски: Ако СДСМ е сигурен дека ќе победи зошто одбива бонус пратеници?

Тој не гледа никаква поврзаност на мнозинскиот модел кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ со евентуален попис.

Не гледам што е поврзаноста на мнозинскиот модел и пописот, или, пак, поврзување на пописот со другиот, пропорционален модел. И за едниот и за другиот позитивно би било доколку има попис, но и без попис работите се одвиваат со една нормална динамика. Пописот и моделот немаат никаква корелација. Тоа е изговор којшто нема длабок корен, потенцира премиерот Груевски.

Мнозински изборен модел и дополнителни пратенички места

Мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите со што ќе се обезбеди стабилна влада. Ова е предлогот на ВМРО – ДПМНЕ  во рамки на разговорите за изборниот модел, а за кој вчера говореше премиерот Никола Груевски.

Мнозинскиот модел го имаат многу држави и успешно функционира, а ние го имаме во нашата земја и сега при изборот на градоначалници. Градоначалниците се избираат по мнозински систем, а исто така и пратениците од дијаспората. Така што имаме искуство со тоа, имавме искуство и во минатото и нашиот предлог е да се оди на мнозински систем затоа што до израз во голема мера доаѓа и личност која граѓаните ја  бираат за пратеник, изјави премиерот Груевски при вчерашната посета на општина Студеничани