Груевски: СДСМ се откажа од активна регистрација, а тоа им беше аргумент дека се краделе гласови

Груевски: СДСМ се откажа од активна регистрација, а тоа им беше аргумент дека се краделе гласови
Груевски: СДСМ се откажа од активна регистрација, а тоа им беше аргумент дека се краделе гласови

Една од клучните работи што СДСМ ги бараше беше активна регистрација на гласачи. Да гласаат само оние кои се регистрирале. Изненадување беше тоа што се откажаа иако ние јавно ги поддржавме по тоа прашање, оти тоа им беше аргумент дека се крадени гласови, дека гласале непостоечки луѓе и слично.

Во сред преговори се откажаа, си ја поништија главната теза што покажува дека била лажна.

-Да беше така, ние да имавме украдено 150 илјади гласови и да беа само 150 СДСМ немаше да  се откаже, појасни Груевски.

-Јас сум задоволен со договорот за изборниот законик. Тој беше еден од темите на кои опозицијата градеше алиби за неуспесите. Се атакуваше на дијаспората и тука се кршеа копјата, појасни премиерот Груевски за време на денешното гостување на Канал 5.

-Единствена причина беше тоа што 90% од дијаспората на минатите избори  гласаше за ВМРО-ДПМНЕ. Успеавме да го здржиме гласот на дијаспората и таа да има претставник. Втора  работа е тоа што успеавме да ја отфрлиме тоа чудно несвојствена барање за бадентер при гласање во ДИК, додаде Груевски.

Премиерот појасни дека се најде друго решение кое можеби не е идеално, но е подобро од она што го бараше СДСМ.