Македонија

Груевски: СДСМ вештачки ги блокира преговорите бидејќи знае дека ќе ги изгуби изборите

Груевски: СДСМ вештачки ги блокира преговорите бидејќи знае дека ќе ги изгуби изборите
Груевски: СДСМ вештачки ги блокира преговорите бидејќи знаат дека ќе ги изгубат изборите

Премиерот Никола Груевски смета дека доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан е сосема непотребно.

-Тоа го изнуди СДСМ со вештачко блокирање на разговорите по неколку закони. Овие закони за кои што тој сега ќе дојде практично можевме самите да ги поминеме. Тие вештачки најдоа начин една стручна расправа, дебата и меѓу јавните обвинители исто така најдоа начин повторно да го блокираат процесот, прво борејќи се ако може да се најде повторно начин да избегаат од изборите бидејќи тоа е сега нивната главна цел тие се свесни дека ќе загубат на следните избори и за нив тие не се многу посакувани колку и да го говорат обратното, затоа што како што ние нарачуваме анкети за расположението на граѓаните така и тие го прават тоа, и тие се доволно свесни што ги очекува во април, истакна Груевски во дневникот на Канал 5.

Втората причина, вели премиерот,  е ако тоа не се успее барем повторно да се во центарот на вниманието.

-Кога доаѓа комесарот Хан, СДСМ доаѓа до израз на некој начин, затоа што тие не можат во меѓувреме да дојдат до израз со проекти, идеи со предлози за реформи, со предлози за подобрување на животот на граѓаните или со некоја конструктивна идеа. Тоа не е нивното главно поле на битка. Тие тука губат од нас, не се снаоѓаат. Немаат доволно капацитети за да не победат на тоа поле. Нивната борба постојано ја пренесуваат на друго поле, на поле на деструкција, на кризи, на заглавувања некакви па доаѓа некој  од надвор да не смирува, да ни помогне, да ни олеснува и тогаш тие доаѓаат до израз и повеќе се присутни во јавноста. Тоа се двете причини заради кој што тие го закочија процесот, едното ако може ова да биде уште една причина да се одложат изборите, второ ако не се успее барем да се дојде до израз со доаѓањето на Јоханес Хан кој што еве на некој начин ќе се обиде да го олесни процесот за навреме да се завршат работите кој што следуваат, а тоа се законот за измени за закон на влада со кој што треба да се овозможат оние заменици министри, министри што треба да влезат во владата, нагласи премиерот.

Груевски додаде дека  до денеска нема добиено предлог име ниту за министер, ниту за заменик министер во владата од СДСМ.