Груевски: СДСМ во овие четири месеци води тотално погрешна економска политика

Од пуста омраза и грев и инает кон ВМРО-ДПМНЕ ги запреа сите крупни градежни работи во државата, се испуштаат илјадници работници од градежните компании, а со тоа СДСМ сака да покаже дека ВМРО-ДПМНЕ не ги правело сите овие градежни активности кои ќе ги заврши СДСМ после две, три години и да кажат дека тие ги направиле овие проекти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од митингот во Струга.

-Ја запреа цела економија и немаат план како повторно да ја придвижат, една од најопасните работи кои што ја кажаа јавно и која следува е зголемувањето на даноците. Тие објавија зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка, придонесите за здравство како и за пензиско осигурување, а ова е директен удар врз џебот на граѓаните, бидејќи бруто платите ќе ви останат исти, но нето платата ќе се намали затоа што еден дел ќе оди за персоналниот данок на доход, пензискиот фонт како и здравствениот фонд. Плус со поголеми даноци тие ќе извлечат поголеми даноци од профитите на компаниите и наместо да им ги остават парите и со тие пари да отвораат нови работни места и да отвораат нови фабрики, истакна Груевски.