Груевски: Се инсталираат пет мамографи низ државата вредни 40 милиони денари

Во моментов тече инсталирањето на пет нови мамгорафи ширум Македонија од кои четири се во завршна фаза. Петтиот во Македонска Каменица е во фаза на инсталирање, бидејќи таму течат и градежните работи за подготовка на теренот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Прилеп.

mamograf-640x400

Тој истакна дека претходно беа набавени и вградени шест мамографи во поголемите населени места во Македонија, меѓу кои и во Прилеп.

За петте нови мамографи се инвестираат околу 40 милиони денари. Мамографите се максимално искористени и спасуваат многу животи затоа што правењето скрининг во рана фаза на појава на канцер кај жените е речиси гаранција дека ќе бидат излечени, рече Груевски.

mamograf2-640x410

Доколку скринингот се прави доцна, додаде, за жал голема е веројатноста да заврши со смртни последици.

Набавката на мамографите не само што значи осовременување на здравствената инфраструктура, туку значи и конкретно и директно спасување на многу животи ако во рана фаза биде откриена болеста преку скрининзите, посочи Груевски.

mamograf1-640x380

Тој додаде дека Министерството за здравство веќе има направено програма за скрининзи на сите жени над педесетгодишна возраст кои се повикуваат да направат скрининг, а доброволно скрининг може да направат и младите.