Груевски: Се инвестира во градба на локални и регионални патишта

Само во последните 2 години овде во ова општина се завршија градби и реконструкции на 20 локални патишта и инвестиција од 10 милиони евра,  истакна Никола Груевски на вчерашниот масовен народен собир којшто се одржа во Прилеп.

-Се инвестирше и во регионални патишта и тоа:  Прилеп – Кривогаштани со должина од 19 км, вредност 141 милион денари, Прилеп – Македонски Брод со должина од 37 км, вредност 282 милион денари, во текот на 2013 година е извршена санација на една коловозна лента на магистралниот пат А1 на Плетвар во должина од околу 1,60 км со вкупна вредност од 6 милион денари.  Во текот на 2014 година се изврши надградба на магистралниот пат А1 делница, Плетвар – Фариш – Росоман во должина од околу 1,0 км со вкупна вредност од 6 милион денари. Во текот на 2014 година се изврши надградба на клучката на А3 влез во Прилеп кај споменикот на паднати борци-Могила со вкупна вредност од 2,8 милиони денари. На регионалните патишта Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Сладуево и Прилеп – Македонски Брод – Кичево во должина од 11,5 км се постави нова сообраќајна сигнализација и опрема, заклучи Груевски.

Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари.

-Другите патишта се: Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари, локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари. Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе пристигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој заедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина и овој регион, а ако се суди по креираните снимки на Заев тие треба да се најлошите луѓе. Затоа велам, гледајте кој што прави и создава. Во овој период се решија и над 9.000 барања за легализација. Во овој период се изгради и  патот до манастирот Трескавец, а во финална фаза е изградбата на  патот до манастирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра, а се инвестираат и 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра, потенцираше премиерот.